ВИДЕО: Како изгледа првиот McDonald’s без вработени во светот

- Advertisement -

McDonald’s почна да го тестира својот прв роботски ресторан во Тексас, што предизвика и одушевување и дебати. Во Форт Ворт во Тексас еден од рестораните на овој глобален синџир за брза храна е целосно автоматизиран и не бара никаков човечки контакт за да нарачате и да подигнете омилен оброк.

Овој потег привлече внимание на интернет откако еден корисник на TikTok и Instagram сподели видео од внатрепноста на ресторанот. На видеото може да се види како купувачите можат да користат автоматизирани екрани за нарачување брза храна и преземање преку машина.

- Advertisement -

McDonald’s во соопштението објасни дека ресторанот подразбира нови функции, лента за нарачување однапред, каде што купувачите можат да прифатат нарачки. Овој ресторан е најновиот потег на McDonald’s во стратегијата за раст, која работи на иновации за подобрување на корисничкото искуство.

Додаваат дека фокусот им е ставен на подобрување на корисничкото искуство. Се претпоставува дека автоматизираниот ресторан ќе значи пократко време на чекање, меѓутоа нејасно е како овој ресторан без персонал ќе ги решава проблемите со нарачките, барањата за дополнителни производи и другите проблеми кои може да бараат присуство на вработени.

- Advertisement -

Моментално концепт-ресторанот постои само на таа локација, каде што се тестира, но од McDonald’s велат дека нивниот концепт „тестирај и научи“ значи дека се надеваат дека во иднина ќе има повеќе ресторани ширум светот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -