Се создава паметна кожа за роботи-астронаути

- Advertisement -

Данскиот технолошки институт е избран од страна на Европската вселенска агенција за да создаде паметна кожа за роботските раце кои ќе се кристат во вселената.

“Ќе дизајнираме и ќе тестираме паметна кожа која ќе ги направи роботите уште подобри за идните истражувања на вселената. Тоа значи дека ќе тестира површински сензори и панели за аларми кои на роботите ќе им овозможат да детектираат и да избегнат евентуални судири со објекти во вселената. Тоа ќе ги направи подобри асистенти за астронаутите во вселената“ велат од DTI.

- Advertisement -

Истражувачите планираат да раз направат новата паметна кожа од меки материјали кои ќе се печатата со 3Д принтери директно на текстил. Тоа ќе ги направи безбдни за употреба во вселената и ќе им овозможи на роботите да ја носат кожата за да вршат разни задачи.

Засега ќе истражуваат кои матерјали штитат од прашина, радијација и високи температури. со модерно 3Д печатење и печатена електроника ќе воведат и нови производни процеси за вселенска опрема. Тоа ќе резултира со создавање машини кои ќе им помагаат на астронаутите во вселената.

- Advertisement -

Првиот дел од проектот се очекува да биде готов до март 2024 година.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
- Advertisement -