Google сака онлајн игрите да станат нов извор на приходи за YouTube и ги повика вработените да тестираат нов производ наречен Playables, кој на корисниците им дава пристап до онлајн игри преку популарниот видеосервис.
Според интерниот имејлк кој го испратиле, воопшто нема да биде битно кој уред се користи, затоа што игрите ќе бидат достапни на мобилни уреди, но и на декстоп компјутери. Корисниците ќе можат да играат на веб-страницата на YouTube преку пребарувач или преки апликацијата за мобилен телефон на Аndroid и iOS.
Моментално се достапни неколку игри за тестирање, а се споменува и играта Stack Bounce. Тоа е аркадна игра поддржана од реклами во која играчите со топка рушат тули. YouTube веќе заработува пари од емитување гејмери во живо, а овој производ ќе биде дополнителен извор на приходи.
Google не успеа претходно да го развие својот нефункционален сервис за стримување игри Stadia, но ова е нешто сосема друго. YouTube има огромна публика која редовно го посетува, па промоцијата на новиот производ нема да биде проблем.
Playables ќе биде сличен на производот за гејминг на Netflix, кој на претплатниците им нуди пристап до едноставни игри преку мобилни уреди.
(Klix.ba)
(фото: Trusted Reviews)