Целосната забрана за употреба на пластични и кеси ќе стапи во сила од 1 јуни 2024 , а не од 1 јуни годинава!

- Advertisement -

Ова го соопштиМинистерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), откако дел од медиумите објавија дека од почетокот на претстојниот месец ќе стапи во сила целосна забрана за употреба на пластичните кеси во маркетите, а како замена ќе може да се користат единствено биоразградливи кеси.

„Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција, направена е измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите ‘1 јуни 2023 година’ се заменуваат со зборовите ‘1 јуни 2024 година’“, посочија од ресорното Министерствто.

- Advertisement -

Забраната за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани во овој Правилник, додаваат од МЖСПП, целосно ќе се воведе од 1 јуни следната година.

Инаку, од 1 декември 2021 година, во маркетите се продаваат пластични оксобиоразградливи кеси кои чинат 15 денари. Од Министерството за животна средина тогаш ваквата одлука ја образложија како неопходна за граѓаните да се одвикнат од купување пластични кеси, но и за генерално намалување на употребата на пластиката.

- Advertisement -

Извор – 360stepeni.mk

Сподели!
- Advertisement -