Дете-гениј од Белгија планира да ги направи луѓето бесмртни

- Advertisement -

Дете гениј на возраст од само 11 години стана еден од најмладите дипломци на факултет откако доби диплома по физика од белгискиот Универзитет Антверпен. И тоа студиите ги завршил за само една година или две години порано отколку што завршуваат редовно.

Лоран Симонс се истакнал од другите студенти откако дипломирал со импресивни 85%, освен тоа што ги завршил студиите за само една година. Иако ги заврпил студиите по физика во Антверпен за само една година, во 2019 година, на возраст од 9 години, студирал на Уиоверзитетот Анјдховен во Холандија, но се откажал затоа што не му дозволувле да дипломира додека не направи 10 години.

- Advertisement -

„Не ми е битно дали сум најмлад, битно ми е да учам. За мене ова е првото парче од сложувалката која ќе ми ја оствар крајната цел – да ги заменам деловите од телото кај луѓето со механички. Сакама да достигнам бесмртност. Сакам да можам да заменам колку сакам делови со механички. Си го мапирав патото дотаму. Квантна физика – изучвање на најмалите честички – е првото делче од сложувалката“ вели Симонс.

Симонс додава дека стекнувањето знаење и примената на истото се галвните цели во животот, од кои за втората мора да се работи со најдобрите профеасори кои постојат во модерниот свет. Но, чудно, но тој сака и да г отвора човечките мозоци и да открие како мислат.

- Advertisement -

Годинава Симонс зел и некои предавања за мастер. После летото официјално ќе почне со своите мастер студии. Откако Симонс се откажал од факултетот во Андховен, неговиот татко, Александер Симонс, тврдел дека колеџот го критикувал затоа што добивал многу внимание од медиумите.

„Ако некое дете игра фудбал многу добро, сите мислиме дека е одлично што го забележуваат медиумите. Мојот син има поинаков талент. Зошто да не биде горд со тоа?“ изјави татко му за холандски весник.

- Advertisement -

Профилот на Instagram кој семејството Симонс го користи за да ги покаже активностите на нивниот син гениј има над 50.000 следбеници, што значи дека сигурно нема да имаат проблем да го развиваат неговиот бренд, да го поврзат со професори исто истомисленици и да имаат гаранција дека ќе ја добие секоја можна шанса да стане познат физичар.

Симонс можеби ќе биде следниот Ајнштајн или Стивен Хокинг и ќе донесе револуција во нашето разбирање на универзумот и на светот непосредно околу нас.

(Interesting Engineering)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -