Apple моментално вреди колку 9 милиони домови во САД или 50 најскапо спортски тимови

- Advertisement -

Apple стана првата јавно котирана компанија која достигнала вредност од 3 трилиони долари. Пресвртот се случи кога акциите на Аpple пораснаа за 2,3% на 193,97 долари, со што пазарната вредност н компанијата достигна неверотјани 3,04 трилиони долари.

Патот до ова достигнување не беше лесен. Во јануари 2022 година Apple накратко го надмина прагот од 3 трилиони долари, но не можеше да го одржи затоа што неговите акции почбнаа да паѓаат поради забавениот раст и загирженоста поради растечките камати во технолошкиот сектор.

- Advertisement -

Меѓутоа, на почетокот на овој месец Apple претстави потенцијална промена на играта, односно скапите очила Vision Pro, кои нудат досега невидено искуство во виртуелна реалност и и помогнаа на компанијата да ја достигне сегашната пазарна вредност.

Иако значењето на ова достигнување во голема мера е симболично, не може да се негира дека предизвикува почит. На пример, со 3 трилиони долари може да се купат речсии 9 милиони домови во САД или дури 50 највредни спортски клубови во светот и да ви остане цело богатство.

- Advertisement -

Кога ова богатство еднакво би се поделило на сите жители на САД, секој би добил по околу 9.000 долари.

Најблизок конкурент на Аpple во однос на пазарната вредност е Microsoft со 2,5 трилиони долари, а потоа следува нафтениот гигант Saudi Aramco со 2,08 трилиони долари. Другите технолошки гиганти ккао Alphabet, Amazon и Nvidiа можат дс се пофалат со пазарна вредност од околу 1 трилион долари.

- Advertisement -

(AP)

(фото: Pick Pik)

Сподели!
- Advertisement -