Компанијата SpaceX за време на викендот со помош на ракетата Falcon 9 лансираше телескоп за Европската вселенска агенција од Кејп Канаверал, Флорида
Станува збор за телескопот Euclid, кој го добил името по таткото на гемотетријата. Овој телескоп ќе проучува како темната материја и темната енергија ја обликуваат вселената.
Покрај камерата од 600 MP, која астрономите ќе ја користат за мапирање на 1/3 од ноќното небо во наредните 6 години, Euclid е опремен и со NIR спектрометар и фотометар за мерење на црвеното движење на галаксиите.
Во комбинација со податоците од земните лаборатории, овие информации ќе им помогнат на наулниците да го проценат растојанието меѓу различните галаксии. Тие се надеваат дека Euclid ќе им помогне да утврдат дали теоријата на Ајнптајн за релативноста е поинаква на космичко ниво. Постои реална можност телескопот да може да донесе револуција во сфаќањет на физиката, па дури и да даде увид во судбината на вселената.
Сега кога е во вселената, телескопот ќе патува до втората Лагрангеова точка на Сончевиот систем. Тоа е истата област од вселената каде што работење и вселенскиот телескоп James Webb изминатата година. Euclid во текот наеден месец ќе патува во таа боласт, а ќе поминат уште три месеци додека Европската вселенска агенција да ги тестира неговите инструменти пред да почне да испраќа податоци на Земјата.
(Klix.ba)
(фото: ESA)