Луѓето повеќе веруваат во тоа што го пишува и објавува вештачката интелигенција

- Advertisement -

Откако на цена стапија генератори на текст кои работат с вештачка интелигенција, како што се ChatGPT, Bing AI и Googlе Bard, изгледа дела се се врти околу вештачката интелигенција. Корисниците ги тестираат нејзините можности, а некои активно ги користат во својата секојдневна работа.

Но, едно истражување направено во цирих откри дека тие генератори на текст се поуберзлииви од самите луѓе во пишувањето кратки текстуални форми. Истражувачите направиле експеримент за да проверат дали ќе забележат разлика меѓу содржините напишани од луѓето и тие напишани од вештачка интелигенциј, односно Иако во истражувањето користеле ChatGPT 3, кој не е напреден како последната верзија 4, резултатите ги изненадиле.

- Advertisement -

Учесниците имале точност од 52%, што значи дека им било тешко да направат разлика кој текст го напишал човек, а кој вештачка интелигенција. Освен тоа, истражувачите од учесниците побарале да ја споредат веродостојноста на твитовите генерирани од ChatGPT-3 со оние кои ги напишале луѓе. Проблемот е во тоа што мислеле дека дезинформациските твитови на вештачката интелигенција се поточни од тие вистинските напишани од луѓето. Истражувачите заклучиле дека вештачката интелигенција е подобра во информирање, но и во лажење на луѓето.

Оваа студија покажува дека сме осетливи на дезинфорации кои ги генерираат генераторите на текст со вештачка интелогенција како што е GPT-3. Препознавањето на ризиците поврзани со дезинформациите создадени од вештачка интелигенција е клучно за зачувување на јавното здравје и одржување а силен и доверлив информациски екосистем во оваа дигитална доба, велат истражувачите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -