Вселенската компанија Blue Origin има големи планови за ширење надвор од САД и бара нови партнерства ширум свето. Безос има големи плановиза глобално ширење на својата компанија Blue Origin надвор од границите на САД. Откако компанијата пушти корени во Тексас, Вашинтон, Флорида и Алабама, на ред се нови локации во Европа, но и пошироко. Покрај тоа, Безос и неговиот тим бараат нови аквизиции и партнерства надвор од Америка, на полето производство и развој на софтвер.
Минатата година Blue Origins ја купи компанијата Honeybee Robotics со седиште во Њујорк, компанија која се занимава со вселенска роботика и неодамна бше дел од тимот кој прими 3,4 милијарди долари од НАСА за изградба на лунарен лендер за третата мисија Artemis.
Иако Blue Origin беше првата компанија која успешно лансираше повеќекратно употреблива ракета, безбедно ја спушти на земја и повторно ја употреби, сега заостанува зад својот ривал Space X поради застојот во изградбата на центри за полетување.
Со изградбата на новите центри за полетување надвор од САД, Безос верува дека ќе стане конкурентска компанија на Илон Маск, а и неговата сателитска интернет констелација Kuiper би можела да стане конкуренција на Starlink затоа што планираат да ја користат ракетта Blue Origin, New Glenn, за најмалку 12 лансирања од 2024. и 2029. година.
(Zimo)