Обединетото Кралство ќе им наплаќа на туристите 10 фунти за дозвола за патување во земјата

- Advertisement -

Новата шема на Обединетото Кралство наречена Електронска дозвола за шатување или Electronic Travel Authorisation scheme (ETA) сите посетители во земјата ќе ги чини 10 фунти, а ќе почне да се имплементира подоцна годинава.

ETA ќе функционира на сличен начин како постоечкиот систем ESTA за сите патници без виза во САД, а ќе биде првично лансирана за патници од Катар во октомври годинава. Системот од Обединетото Кралство потоа ќе се прошири на остатокот од државите кои се дел од Заливскиот совет за соработка (Gulf Cooperation Council – GCC) и на Јордан во февруари 2024 година, пред да почне да важи за целиот свет подоцна идната година, што значи дека ќе ги вклучи земјите од ЕУ и од САД, со исклучок на Ирска.

- Advertisement -

Туристите ќе можат да аплицираат за ETA онлајн или преку мобилна апликација и кога ќе ја добијат, едно лице ќе може повеќе пати да ја посети земјата во текот на две години. Апликантите ќе треба да наведат лични и биометриски податоци , вклучувајќи дигитална фотографија и да одговорат повеќе прашања за утврдување на компатибилноста.

ЕУ работи на сопствен сличен систем, познат како ETIAS, но неговата имплементација е одложена за 2024 година.

- Advertisement -

Владата на Обединетото Кралство вели дека овој систем е дел од плановите дза дигитализација на границите со цел зголемување на безбедноста и подобрување на корисничкото искуство.

(Business Travel News)

- Advertisement -

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -