ВИДЕО: Во Лас Вегас се тестира огромна ЛЕД видео купола

- Advertisement -

Во панорамата на Лас Вегас наскоро ќе доминира купола со масивен екран. Компаниите MSG и Sphere Entertainment почнаа да ја тестираат Sphere, купола со 17.600 места за седење, во близина на The Venetian Resort. Куполата има внатрепен 16K ЛЕД екран кој ја опкружува. Одадвор изгледа привлечно, но главната атракција е во внатрешноста. Куполата е наменета за „потонувње во забава во живо“, а целта е да се унапреди искуството при гледањето концерти и филмови.

Од MSG велат дека целта е ефикасно да се креира VR искуство без очила. Креаторите на куполата користат специјална камера за направат видеа кои целосно ја пленат публиката, Дел од куполата е и уникатно озвучување со 164.000 звучници, кое може да изолира одредени звуци или дури и да ги ограничи на одредени делови од публиката. На пример, еден дел од публиката може да слуша само дијалог на Шпански јазик, а дел само музика.

- Advertisement -

Како 4Д кината, MSG Sphere има и сензорно искуство за некои посетители. Околу 10.000 седишта нудат хаптика, ладен и топол ветар, како и мириси. Во случај на виртуелно патување на Арктикот, ќе почувствуваат студ кога ќе го гледаат видеото.

MSG Sphere официјално ќе биде отворена за сите на 29 септември годинава кога групата U2 почнува со своите 25 настапи, а билетите веќе се распродадени.

- Advertisement -

Изградбата на куполата почна во 2019 година, но пандемијата и технолшката сложеност ги покачија трошоците на 2,3 милијарди долари. Ова ќе биде најскапото место во Лас Вегас досега, затоа што стадионот Рајдерс чинел 1,9 милијарди долари.

Засега не е познато што ќе следува после концертите на групата U2, но можно е во куполата да се емитуваат e-спорт турнири и MMA борби.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -