Данската морнарица ќе почне да користи модуларен дизајн на бродови за патрлните бродови кои ќе бидат поставени во арктичките региони. Данското Министерство за одбрана неодамна потпиша договор за тие бродови со конзорциум од производители на патролни бродови.
Откако ќе ја докажат својата доминација на копно, нациите ширум светот сега почнуваат да се натпреваруваат на водени површини во наоддалечените делови од светот. Во 2020 година Кина ги надмина САД и стана најголема морнарица во светот, па сега ја докажува својата доминација над Јужното Кинеско Море.
Но, сега Данска покажува дека морската флота на една земја не мора да биде голема за да биде ефективна. Со популација од само 5 милиони луѓе, Данска можеби изгледа како мал играч на глобалната сцена, но како еден од основачите на НАТО, земјата игра клучна улога во воената алијанса.
Пред повеќе од два века Данска заедно со Гренланд станаа дел од Кралството Данска, дури иако главните градови на двете земји се оддалечени над 3.000 км. Иако Гренланд има локална влада, одбраната на третиот најголем остров во светот ја врши Данска.
Поради глобалното затоплување мразот на Арктикот се топи многу брзо и регионот станува попристапен. Тоа веројатно ќе отвори повеќе нови рути, но ќе ги засили и несогласувањата меѓу земјите. Данска е мала земја и нема големи финансиски ресурси како САД или Кина за да ја прошири својата флота, но модуларниот тип на бродови може да бидат ново решение на проблемот.
Данската морнарица сега потпиша договор со конзорциумот Danish Patrol Ships K/S и уште нема детали за тоа како ќе функционираат новите бродови. Се очекува фазата на дизанирање на проектот да заврши до средината на 2025 година.
Експертите веруваат дека бродовите OMT MPV80, кои прв пат беа претставени во 2021 година, ќе служат како пример за новите патролни бродови. Ќе ги градат компаниите Odense Maritime Technology и SH Defence и ќе го содржат модуларниот систем Cube за складирање опрема кој може да се товари и да се растоварува како контејнери за товар.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)