Научници пронајдоа нов начин за ефикасно трошење калории и губење килограми

- Advertisement -

Ново научно истражување сугерира дека еден сигнален пат на хормоните би можел да игра главна улога во долгорочното управување со телесната тежина и потенцијално да помогне при почетните напори за слабеење.

Неодамнешна научна студија која била направена на глувци сугерира дека сигналниот пат на хормоните може да биде клучен за губење и одржување на телесната тежина. Научници од Универзитетот Мекмастер во Канада открија дека факторот на диференцијација на растот на хормонот 15 (GDF15) може да спречи телото да ја забави потрошувачката на енергија кога ќе се намали внесот на храна. Наместо тоа, GDF15 го засилува метаболичкиот процес во мускулите, ефикасно спротивставувајќи се на природниот одговор на телото да штеди енергија во текот на диета.

- Advertisement -

Откривме дека кај глувците GDF15 го блокира забавувањето на метаболисмот кое се случува при диета со засилување на бескорисното кружење на калциумот во мускулите, објаснува д-р Грегори Штајнберг, кој е дел од студијата.

Претходните научни истражувања веќе утврдија дека GDF15 влијае на апетитот на глувците, но новата студија објавена во списанието Nature сугерира дека исто така би можел да игра улога во долгорочното управување со телесната тежина и потенцијално да помогне во почетните напори за слабеење.

- Advertisement -

Иако ова е одлично откритие, потребни се понатамошни истражувања за целосно да се разберат механизмите кои стојат зад ова и да се утврди дали GDF15 влијае на сличен начин кај луѓето. И покрај тоа, со оглед на растечката глобална криза со гојазноста и со неа поврзаните здравтсвени проблеми како дијабетес тип 2, итно се потрбени иноативни стратегии за решавање на проблеми поврзани со тежината.

Новата студија го нагласува потенцијалот на хормонот GDF15 не само да ја намали желбата за јадење масна храна, туку и истовремено да го засили согорувањето енергија во мускулите, објаснува д-р Штајнберг. Комбинацијата на хормонот GDF15 со постоечките лекови би може потењнцијално да доведе до ефикасни третмани за сузбивање на апетитот, посебно за поединци кои не успеале со традиционалните диети.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -