Airbus отвори фабрика за нова технологија за крилата за авионите

- Advertisement -

Airbus официјално ја отвори својата фабрика за нова технологија за крилата на авионите во Филтон, Англија. Фабриката е фундаментален дел од планот на Airbus за т.н. „Крила на утрешнината“ (Wing of Tomorrow).

Примарната мисија на фабриката е да понатамошен развој на дизајните за крилата на авионите на Аirbus, кои се полесни, полдолги, потенки и имаат врвови кои се склопуваат за поодржливо летање.

- Advertisement -

Истражувањето ќе го забрза дизајнирањето, зградбата и тестирањето на крилата за новите генерации авиони. Со користење на врвна технологија и светски познати демонстратори, фабриката ќе има за цел и оптимизација на перформансите на крилата.

Екстензиите ќе ги направи крилата понасочени и полесни, што е одлична можност за зголемување на ефикасноста на горивата, намалување на емисијата на CO2 и евентуално да се достигне нула карбонска емисија до 2050 година.

- Advertisement -

„Новиот Центар за развој на технологија за крила ќе ни помогне нашите истражување да ги фокусираме повеќе на практичноста. Клучен елемент за тоа како ќе ја пласираме нашата технологија за идните генерации авиони е нашата програма Wing of Tomorrow (WoT), нашата најголема програма за истражување и технологија“ велат од Airbus.

Нивната програма доби и инвестиција од Институтот за воздухопловна технологија во износ од 117 милиони фурнти уште во 2014 година.

- Advertisement -

Авионите „A320/321“ и „боинг 737“ моментално се бестселери и се пават од алуминиум. Сепак, дизајнерите се оптимистични дека со ористење на композитни материјали ќе се овозможи креирање на крила со нови, поефикасни технологии. Предизвикот се крие во тоа што деловите од композити се поскапи за производство и потешко е да се надомести тој трошок со економичната цена на „A320“ и „737“ споредено со поголемите авиони со повеќе композитни делови.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -