Нова студија покажа колку недостигот на сон го влошува здравјето на срцето

- Advertisement -

Лошиот сон е поврзан со нарушено здравје на срцето, покажа нова студија, која вклучуваше повеќе од 300.000 луѓе. Студијата сугерира дека луѓето кои во текот на сонот имаат краткотраен прекин на дишењето се најмногу изложени на ризик од влошување на здравјето на срцето во иднина.

За да се разбере колку нечиј сон е здрав треба да се разгледата повече фактори: фрагментираниот сон, вкупното време на спиење, хрчењето и други апскети на регенеративниот одмор. Новата студија по прв пат ги покажуа последиците на лошиот сон врз кардиоваскуларното здравје на луѓето.

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Сиднеј во Асвтралија и од Универзитетот на Јужна Данска анализираа искуства на спиење и кардиоваскуларната меидицинска историја на 308.683 ворзасни луѓе во средни години.

Кај жените пореметувањето на сонот поради тешкотии со дишењето како што е апнеа се поврзани со намалување на бројот на години кога личноста има здраво срце – 7,32 години кај жените и за 6,73 години кај мажите. Според дефиницијата на студијата, луѓето кои лошо спијат, забележуваат двегодишно намалување на здравјето на срцето.

- Advertisement -

Авторите на студијата се надеваат дека ќе ги охрабрат кардиолозите и другите лекари да почнат да работат на решавање на проблемот кој може долгорочно да влијае на здравјето на срцето.

Освен долгорочните ефекти врз дравјето, лошиот сон може да влије на секојдневнуот живот на луѓето на многу начини. Заморот го зголемувз ризикот од несреќи поради побавното реагирање и губењето ан вниманието, вели експертот Џонатан Седернаес од Универзитетот Упсала во Шведска, кој не бил вклучен во студијата. Освен тоа, може да ги деградира секојдневните физичлки перформанси на луѓето, да ја наруши метаболичката функција и да поттикне на појава на воспаленија. Лошото расположение, раздразливоста и немањето концетрација исто така се одлики на недоволниот сон.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -