За 50 години отсега Индија ќе биде втора најголема економија во светот

- Advertisement -

Индија до 2075 година ќе биде втора најголема економија во светот и ќе ги надмине Германија, Јапонија и САД, соопштија од инвестициската банка Goldman Saks во својата најнова прогноза.

Главните аргументи за оваа проценка се растот на индиската популацијаа, напредокот на земјата на полето на иновациите и технологијата, поголемите капитални инвестиции и растот на продуктивноста на работниците, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Индија има и голем процент економски активно население, кои можат да ги поддржуваат помладите и постарите сограѓани, сметаат аналитичарите на Goldman Saks. Тие велат дека Индија мора да го зголеми учеството на својата работна сила и така да го искористи прирдониот прираст на вистински начин.

„Ова навистина е прилика за Индија за воспостави производни капацитети и да го продолжи растот во секторот услуги и инфраструктура“ додаваат оттаму.

- Advertisement -

Се очекува дека приходите од индиската технолошка индустрија ќе пораснат за 223,7 милијарди евра до крајот на 2023 година, прогнозира индиското невладино трговско здружение Naskom.

Според извештајот на Goldman Saks, двигател на индиската економија е домашната побарувачка, за разлика од многу економии кои повеќе зависат од извоз во регионот, при што до 60% од растот главно се припишува на домашната потрошувачка и инвестиции.

- Advertisement -

Индискиот БДП во првиот квартал од оваа година пораснал за 6,1% на годишно ниво, а се проценува дека економскиот раст на Индија на крајот на оваа година ќе изнесува 7,2%.

(Bizlife)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -