ИРИ: Повеќе од половина од населението смета дека Македонија оди во погрешна насока!

- Advertisement -

Најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од 8 април до 4 мај годинава покажува кој според граѓаните е најважен проблем со кој се соочува Македонија. На прашањето кој според вас е најважниот прв и втор проблем со кои се соочува Република Македонија денеска, дури 15 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека прв најважен проблем со кои се соочува државата е економската ситуација. Веднаш потоа, како втор најважен проблем кој го посочуваат граѓаните во анкетата на ИРИ или дури 13 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е сиромаштијата, нискиот животен стандард како и проблемите на обичните граѓани, додека пак 11 проценти од граѓаните сметаат дека високите цени се вториот најважен проблем.

На прашањето дали Македонија се движи во добра или во погрешна насока, дури 4 пати повеќе односно 56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 проценти сметаат дека се движи во добра насока.

- Advertisement -

Анкетата, се посочува, исто така покажа дека поголемиот број граѓани немаат доверба во владеењето на правото. Само 31 отсто од испитаниците, се додава, се согласиле дека законот еднакво се применува за сите граѓани на Северна Македонија, што е најниско ниво до сега, а 65 отсто не се согласиле со оваа изјава.

-Нашата анкета покажува дека помал број граѓани имаат доверба во еднакво спроведување на законот“, рече  Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа и додаде дека „лидерите во Скопје мора да се осврнат на ова прашање доколку сакаат да влеат доверба во владата и во политичките институции на земјата“.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -