Менаџерскиот тим на Пиксел стана дел од Управниот одбор на CEED бизнис клубот

- Advertisement -

Основачите на агенцијата Пиксел, Филип Ристевски, Владимир Ристевски и Димитар Јовевски, се приклучија на Управниот одбор на бизнис клубот CEED кој е одговорен за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијaта.

Водечкиот тим на агенцијата која веќе 10 години им помага на компаниите да достигнат дигитална зрелост, вели дека токму членството во CEED носи добар дел од заслугите за пронаоѓањето на вистинскиот пат на Пиксел кон раст и развој.     

- Advertisement -

„Како долгогодишни членки чест ни е да се приклучиме на Управниот одбор на CEED, бидејќи токму оваа организација ни помогна да ја пронајдеме насоката за нашиот раст и развој.

Денес, како уникатна компанија која нуди широка палета на услуги за дигитална зрелост на нашите клиенти, по години активно членување, учење, вмрежување и споделување знаење со останатите членки сметаме дека е вистински момент да вратиме назад кон заедницата на претприемачи и да помогнеме за раст и развој на сите компании кои се наоѓаат на патот кој го поминавме и ние.

- Advertisement -

Нашата цел како членови на Управниот одбор е неуморно да се бориме да им помогнеме на сите нови и етаблирани македонски компании да покажат дека умеат да се издигнат да бидат регионални и светски лидери“ – велат од Пиксел.

Од агенцијата објаснуваат дека вмрежувањето со луѓе и компании со коишто делат заеднички визии и вредности било од голема помош за нив кога ги поставувале темелите на компанијата како млади претприемачи. Свеста за вредноста на достапните информации и искуства од етаблирани менаџери во различни сфери и индустрии денес ги мотивира да вложат дел од своето време и енергија за да ги споделат своите знаења.

- Advertisement -

„Од самото пристапување во CEED знаевме дека можностите за личен и професионален прогрес тука се бесконечни, доколку имате желба да ги искористите. Земавме учество во најразлични активности и настани, од обуки и вмрежување со останатите членови, до студиски посети на успешни бизниси во регионот, кои навистина ни помогнаа да ги прошириме нашите видици.

Континуираниот раст низ годините подоцна нѝ даде можност и поттик да ја земеме улогата на обучувачи и гости предавачи во CEED, за денес да ја имаме честа да дадеме уште поголем придонес кон заедницата на претприемачи како дел од овој Founder’s Circle составен од иновативни и креативни менаџери“ – додаваат од Пиксел.

Тие истакнуваат дека од особена важност за претприемачите е да се поврзат со истомисленици и искусни менаџери бидејќи само така можат здраво и самоуверено да напредуваат, но и да постигнат повеќе од она што го замислувале.

Велат дека вербата во посебната вредност и сатисфакција која споделувањето знаење ја носи за сите вклучени страни им помогнала да го збогатат тимот на Пиксел кој денес брои речиси 50 вработени, со широка палета на знаења, вештини и искуства.

Овој став го дели и Филип Димитровски, Country Manager на CEED бизнис клубот.

„Една мудра изрека вели дека сам не можеш да свириш симфонија, потребен е цел оркестар за тоа. Искрено верувам дека големи и значајни резултати не можат да се постигнат од поединци, но тим кој дели заеднички вредности.

Како бизнис клуб свесни сме дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира родово еднаква и претприемачки ориентирана младина.

Токму затоа особено сме горди што успеавме да формираме управен одбор сочинет од креативни и прогресивни претприемачи кои својот раст и развој го започнале токму во рамки на клубот, како што е тимот на основачи на Пиксел.

Членките на одборот на CEED имаат големи одговорности и предизвици пред нив, на кои сум уверен дека ќе им пристапат со голема одлучност. Сега со заеднички сили ќе работиме во правец на обликување на работата на клубот според потребите и спецификите на нашите членки, и објективно ќе делуваме со цел да обезбедиме уште поголема вредност за компаниите членови кои вложуваат во унапредување на нивниот бизнис” – вели Димитровски.

Бизнис клубот на CEED е водечка бизнис заедница во земјава со 15 годишна традиција и повеќе од 2000 членови низ целиот свет, како дел од интернационалната CEED мрежа која постои во 18 земји и на 4 континенти.

Сподели!
- Advertisement -