UGI Wholesale стана водечки играч на регионалниот телекомуникациски пазар

- Advertisement -

-За само две години UGI Wholesale успешно испорача серија комплексни проекти низ Европа

-UGI Wholesale одобрен телеком провајдер за GÉANT

- Advertisement -

[Скопје], 12 јули 2023 година: За само две години од создавањето на новата деловна единица на Јунајтед Груп – UGI Wholesale (“УГИ Големопродажба”) се етаблираше како водечки играч на телекомуникацискиот пазар на големо во јужна, централна и источна Европа.

Со седиште во Грција и со канцеларии и во Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна Херцеговина и Црна Гора, дедицираната деловна единица на UGI Wholesale чија задача е да ги координира активностите на големопродажба на телекомуникациите, успешно испорача многу сложени проекти со што се етаблира како регионален лидер во областите на услуги за податоци, роаминг и мобилни и големопродажни говорни услуги.

- Advertisement -

UGI Wholesale преку својата подружница Vivacom Bulgaria EAD, стана одобрен телекомуникациски провајдер за GÉANT – европската соработка на национални истражувачки и образовни мрежи. GÉANT, кофинансирана од Европската Унија, го поткрепува информативниот екосистем на инфраструктура и услуги за унапредување на истражувањето, образованието и иновациите на глобално ниво. Како поддршка на мисијата на GÉANT и за само две години, UGI Wholesale ги презеде и успешно ги испорача следните проекти:

  • Лот што ги поврзува Загреб и Љубљана со темно влакно, доделен во 2021 година, испорачан во 2022 година.
  • Четири лота што ги поврзуваат Загреб-Белград-Софија-Солун и Софија-Букурешт со темно влакно. Доделени во 2022 година, сите четири лота беа успешно испорачани на крајот на 2022 година.
  • Три лота кои се поврзуваат со повеќе услуги за пренос 100G Подгорица-Загреб, Софија-Истанбул и Истанбул-Солун. Доделени во 2022 година, испораката на договорените услуги е предвидено да биде во 2023 година.

По успешното завршување на овие проекти, соработката со GÉANT дополнително се унапреди преку преку дополнителната награда за услуга за пренос од 100G што ги поврзува Тирана-Софија – која моментално е во фаза на имплементација. Дополнително, завршен е и тендерот за UGI Wholesale за обезбедување услуга за пренос 100G што поврзува Софија-Скопје како партнер.

- Advertisement -

За време на настанот TNC23 кој беше организиран од GÉANT и домаќин на RASH, националната истражувачка и образовна мрежа на Албанија, што се одржа претходно овој месец во Тирана, UGI Wholesale стана членка на Програмата за комерцијално партнерство на GEANT.

Паоло Фичини, извршниот директор на UGI Wholesale изјави: „Во UGI Wholesale сме многу горди што нашите напори и успешното завршување на сложените проекти беа препознаени и прославени од GÉANT, кој има задача да испорача една од најголемите европски иницијативи. Многу сме среќни што успеавме во оваа мисија и навремено ги исполнивме очекувањата на нашите партнери. Нашата организација прерасна во многу силен регионален играч кој обезбедува висококвалитетни резултати на големи и тешки проекти. UGI Wholesale е доверлив и кредибилен партнер од регионот“.

Инаку, телекомуникациската мрежа на Јунајтед Груп се протега низ цела Европа, покривајќи ги Холандија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и нејзината мрежа со оптички влакна има пристап до вкупен пазар од повеќе од 40 милиони луѓе, нудејќи покриеност на центарот за податоци што го прави единствениот независен преносник во регионот со вака обемен отпечаток. Во нашата земја, во рамки на Јунајтед Груп, работи компанијата Тотал ТВ.

Сподели!
- Advertisement -