За само една година вселенскиот телескоп James Webb целосно го смени начинот на кој ја гледаме вселената. Иако од самиот почеток проектот за лансирање на телескопот се соочи со низа проблеми и надминување на рокови и буџети, фотографиите кои ги испрати Webb за само една година докажаа дека сето тоа доцнење вредело.
После една година можеме да речеме дека телескопот целосно го исполни своето ветување да ја открие вселената таква каква што не сме ја виделе досега. Секоја нова слика е ново откритие, кое на научниците ширум светот им дава одговори на прашања кои некогаш не можеле ни да ги сонуваат, велат од НАСА.
Webb е научен проект кој покажа дека може да се поместат границите на она што е познато. Илјадници инженери, научници и лидери инвестираа во оваа мисија, а нивните напори ќе продолжат да резултираат со подобро разбирање на вселената и нашето место во неа.
Својот прв роденден Webb го прослави на најдобар можен начин. Научнциите објавија фотографии кои ја прикажуваат Земјата најблиску до подрачјето каде што се раѓаат ѕвезди – Ро Офиучи. Сликата го прикажува подрачјето кое содржи отприлика 50 млади ѕвезди, а сите се слични на нашето Сонце и помали од него. Најтемниот дел се најгусти, каде што густата прашина во чаури иште создава протоѕвезди. Огромните биполарни млазови молекуларен водород, претставени со црвена боја, доминираат на сликата, се појавуваат хоризонтално во горната третина и на десната страна.
Фотографијата Ро Офиучи ни овозможува да посведочиме на многу краток период во ѕвездениот животен циклус со нова јаснотија. Нашето сопствено Сонце одамна ја помина оваа фаза, а сега имаме технологија да го видиме почетокот на една туѓа ѕвезда. А за идната година научниците имаат уште поамбициозни цели.
(Zimo)
(фото: NASA)