Австриски научници создадоа нови маркери за рана дијагноза на мултиплекс склероза

- Advertisement -

Научници од Универзитетската клиника за неврологија на Медицинскиот универзитет во Виена, во соработка со Општата болница во Виена направија студија која истражува нови маркери за рана дијагноза на мултиплекс склероза.

Со мерење на дебелината на слоевите на рожницата се унапредва дијагностиката и се зголемуваат шансите за подобра прогноза за болните. Истражувачите ја спровеле студијата на 267 пациенти во траење од 5 години. Притоа, користеле резултати од студија од 2022 година, кои покажуваат дека оштетувањата во мозокот на пациентите се пренесуваат на оштетувања на рожницата.

- Advertisement -

Тогашната студија покажала дека губењето на дебелината на рожницата од околу 5 микрометри шретставува дуплиран ризик за траен инвалидитет. Дијагностичката постапка за мерење на дебелината на рожницата веќе е достапна и се користи за други очни болести, како што е глаукомата, а всушност станува збор за методи на снимање кои користат инфрацрвена светлина за создавање тридимензионални слики со висока резолуција на многу тенките слоеви од ткивата.

Бидејќи оваа болест доведува до губење на нервните клетки, а оштетувањето на почетокот не е забележително, често доаѓа до доцна дијагноза и се губи драгоцено време за адекватна терапија. Раната дијагноза е одлучувачки фактор за напредокот на болеста за да се избегне целосно слепило и тешкотии со одењето.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: The Blue Diamond Gallery)

Сподели!
- Advertisement -