ВИДЕО: Кина е првата земја во светот која лансираше ракета на метан

- Advertisement -

Ракетните мотори на течен метан и течен кислород се идната генерација погонски системи за вселенски мисии и ги развиваат повеќе компании и агенции во светот.

Сега една приватна кинеска компанија, LandSpace, ги победи американските конкуренти и успешно ја лансираше ракетата Zhuque-2 од центарот за лансирање сателити Jiuquan.

- Advertisement -

Тоа беше втор обид за лансирање на LandSpace, една од првите компании во кинескиот сектор за комерцијално лансирање, затоа што првиот обид минатиот декември беше неуспешен.

Лансирањето кое се случи вчера ја стави Кина пред американските компании како SpaceX и Blue Origin во трката за лансирање ракети на метан, кој се смета за помал загадувач, побезбедна и поевтина алтернатива за ракети за повеќкратна употреба.

- Advertisement -

Во април годинава компанијата Beijing Tianbing Technology успешно лансираше ракета на керозин и кислород, а LandSpace сега стана втората приватна компанија која лансираше ракета на течно гориво.

Кинеските комерцијални компании влегоа во вселенскиот сектор во 2014 година, кога кинеската влада дозволи приватни инвестиции во оваа индустрија.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -