Европската вселенска агенција е во потрага по талентирани и мотивирани експерти кои ќе се приклучат на нејзините тимови ширум Европа и ќе ги поддржат мирољубивите истражувања на вселенста за доброто на сите. Многу од најновите конкурси кои ќе бидат објавени покриваат широк распон на инженерски дисциплини во Европскиот центар за вселенски истражувања и технологија во Холандија. На сите европски експерти кои ќе треба да се преселат за да ја преземат должноста Европската вселенска агенција им нуди т.н. пакети за преселување, кои вклучуваат помош во пронаоѓањето сместување и надомест за трошоците за селење, плус надомест за сместување, како и помош со трошоците поврзани со сметување во новиот дом.
Додека за многу од работните места во агенцијата потребно е техничко знаење, агенцијата сега нуди и работни места за експерти по информатика, право и деловни и административни услуги. Оттаму велат дека на сите работни места секој ден ќе се среќавате со луѓе од цела Европа и дека ќе имате прилика да видите како настануваат пионерските вселенски проекти.
„За да го поддржиме нашиот персонал во развојот на професионални вештини кои им се потребни им нудиме шриок распон на интерни можности за стручно усовршување и развој на полето инженерство, менаџирање и лидерство, информациски технологии, персонален развој, администрација и безбедност. Исто така, нудиме јазична обука на многу европски јазици, како и можност за стипендирање за специфични универзитетски програми врзани за вселената“ се вели во соопштението на агенцијата.
На овој линк можете да погледнете кои работни места се нудат.
(Vidi.hr)
(фото: ESA)