The Independent: Зошто да го замените езерото Комо во Италија со Охридското Езеро?

- Advertisement -

Охрид полека, но сигурно се појавува на радарот на туристите од Велика Британија благодарение на директните летови до Манчестер и Гетвик затоа што некои статистики за Охрид се далеку подобри од познатите италијански дестинации.

- Advertisement -

На површина од над 357 квадратни километри, Охридското Езеро е речиси двапати поголемо од езерото Комо во Италија. Карстните предели, ободени во ралични бои, се протегаат со километри се до несекојдневното зеленило на Националниот парк Галичица, кој е толку густ како цветови на брокула.

Бродовите кои крстарат по езерото застануваат кај манастирот „Свети Наум, манастир изграден во 10 век, каде што можете да уживате во пејзажот ос камената тераса и во раскошните пауни кои слободно шетаат по дворот и се сметаат за симбол на воскреснувањето на Свети Наум. ЛЛегендата вели дека ако го ставите увото на гробот на Свети Наум, ќе му го слушнете срцебиењето.

- Advertisement -

Охридското Езерот е старо повеќе од 1 милион години и е постаро од италијанските езера, а Охрид е познат како една од најстарите населби во Европа. Ако прошетате по Стариот град и се качите до Самоиловата тврдина, ќе имате чувство како да шетате назад низ историјата.

Историските споменици во Охрид ја претставуваат секоја фаза од минатото на Северна Македонија и борбите на многу империи и нации кои владееле со оваа територија. Тука има градски порти кои биле изѕидани во 4 век пред нашата ера, хеленистички амфитеатар со 5.000 седишта, згради од 18 век, црквата „Света Софија“ изградена во 6 век. Токму поради овие места Стариот град во Охрид од УНЕСКО беше прогласен за светско наследство уште во 197 година. Делови од езерото исто така се дел од таа листа на УНЕСКО, затоа што се дом на над 200 видови растенија и 17 ендемски видови риба.

- Advertisement -

Ако прошетате долж која било уличка низ центарот на градот, ќе откриете друго богатство на Охрид: јувелирниците. На нивните излози има сребени филиграни и со дизајни деликатни како плетено миле. Охридскиот бисер, кој го носеле принцезата Дијана и кралицата Елизабета Втора, се уште нешто уникатно што ќе го најдете Охрид и го нема никаде во светот затоа што се рачно изработени. Две семејства, Талевци и Филевци, ја знаат тајната за производство на овој бисер.

Откриено е и дека производството на вино во орхидскиот регион датира уште од неолитскиот период, но во 20 век, во рамките на комунистичка Југославија, виното се произведувало во гоеми количини и не се внимавало на квалитетот. Сега во земјата има големи винарници кои соработуваат со експерти од светот и повеќе бутик винарници кои сакаат Северна Македонија да ја претворат во нов играч на светската винска сцена.

Манастирската винарница се наоѓа на околу 15 минути возење од Охрид, а манастирот во ќиј склоп е бил изграден во 2005 година на местото на некоја стара црква. Во 2018 година локалниот свештеник и инженер почнал да прави вино во манастирската визба, а сега постои винарница која произведува 10.000 шишиња вино годишно.

Додека шиете вино и јадете под сонцето во дворо на оваа винарница, ви поминува мислата како да сте во Италија. Но, Охрид е многу повеќе од место што личи на езерото Комо. Тоа е дестинација богата со историја и многу нијанси.

(The Independent)

(фото: HippoPx)

Сподели!
- Advertisement -