Американскиот производител на автомобили Tesla соопшти дека првиот примерок од електричниот пикап Cybertruck излегол од производните ленти на новата бега фабрика во Тексас и објави фотографија на Twitter.
Илон Маск, кој е шеф на Teslа и на Twitter, повторно ја објави таа фотографија со честитка до тимот во фабриката. Компанијата го најави производството на тој пикап уште во април годинава. Во ноември 2019 година Tesla го претстави моделот на тој футуристички пикап, кој личи на школк со необични и остри линии.
Тоа набрзо стана сензација затоа што еден соработник на Маск, кој сакаше да покаже колку е цврста кабината на пикапот и фрли чекан на блиндираниот прозорец несакајќи го скрши прозорецот. Во вториот обид оштети друго стакло. За само два дена после тоа прво претставување Tesla прими 150.000 нарачки за пикапот со прва уплата од само 100 долари.
Во мај годинава Маск навести дека целта им е да произведуваат 250.000 пикапи годишно, но нагласи дека таа борјка може и да се дуплира затоа што цената е пристапна.
Пикапот има забрзување од 0 до 100 км за помалку од 3 секунди, тврдат од Tesla. Има три модели кои се нудат – модел за 39.000 долари со досег на батеријата од 400 км, модел од 49.900 долари со досег од околу 450 км и модел од 69.900 долари со досег од 800 км без полнење.
(Beta)
(фото: Tesla)