Кои апликации најмногу ја празнат батеријата на вашите телефони?

- Advertisement -

Апликациите за социјалните мрежи, услугите за стримување содржини онлајн и некои игри се меѓу најголемите виновници за празнењето на батериите на телефоните, откриваат експертите.

Според техничките експерти, апликациите кои најмногу им наштетуваат на батериите на вашите телефони се оние кои непрекинато работат во позадина дури и кога не се користат активно, пишува Daily mail.

- Advertisement -

Facebook и Instagram, во сопственост на компанијата Metа, Twitter, Snapchat и TikTok се некои од оние кои најмногу ги исцрпуваат телефоните, предупредуваат експертите, затоа што апликациите во секој момент имаат пристап до вашата локација, микрофонот, камерата и контактите.

Тоа посебно се забележува откако некои корисници се пожалија дека новата апликација на Meta, Threads, која ги собори рекордите кога привлече над 109 милиони корисници за неколку дена минатата недела, молњевито ја троши батеријата на телефонот.

- Advertisement -

Некои фрустрирани корисници на новата апликација за микро блогирање, која многумина ја сметаат за директен конкурент на Twitter, дури и ја избришале апликацијата откако им ја испразнила батеријата на телефон.Иако причината за таквото празнење на батеријата и понатаму е нејасна, експертот за сајбер безбеднот Џејк Мур сугерира дека тоа може да биде резултат на процесот кој се вика негативно тестирање.

„Тоа можеда биде така затоа што програмерите се обидуваат да разберат повеќе за апликацијата и начинот на кој корисниците ја користат. Процесот кој се вика негативно тестирање се користи за на програмерите да им се помогне да научат како луѓето ја користат апликацијата за да ја подобрат, а се верува дека Facebook го користел таквото тестирање и претходно“ вели Мур.

- Advertisement -

Освен апликациите на Meta, еве кои се останатите апликации кои ја празната вашата батерија:

  1. Facebook
  2. Twitter
  3. Instagram
  4. Snapchat
  5. TikTok
  6. Uber
  7. Amazon
  8. Spotify
  9. Netflix
  10. Candy Crush

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -