Галеника: одржлив деловен раст и регистрирани 47 нови производи во регионот

- Advertisement -

Фармацевтската компанија Галеника во првата половина од 2023 година бележи постојан раст во сите деловни сегменти на регионалните и меѓународните пазари каде работи. Галеника од почетокот на годинава има регистрирано дури 47 нови производи во земјите од регионот (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија), додека во промет на овие пазари се пуштени 29 производи. Покрај регионалните, компанијата работи и на 16 меѓународни пазари на три континенти. На пазарот во државите од ЕУ го зголеми извозот за 40% и каде лансираше 22 производи. Во споредба со првата половина од минатата година, за 7% зголемено е производството на асортиманот производи на Галеника.

- Advertisement -

Со стратешкото партнерство со сестринска компанија од Бразил – EMS, Галеника од почетокот на годинава успешно ја пренесе технологијата за 6 производи од поновата генерација генерички лекови и започна со подготовки за уште 5.

„Во 2023 година славиме 78 години и силно сме фокусирани на иднината. Го интегрираме она што е највреднно од минатото и сегашноста, со целосна посветеност на инвестиции, иновации и одржлив раст. Квалитетот ни е на прво место – како во производите, така во сè што правиме. Ние сме носители на 15 домашни и меѓународни GMP и ISO сертификати за највисоко ниво на стандарди за работење и за производство. Ние сме стратешки посветени на постојано проширување на нашето портфолио производи во корист на потрошувачите. Препознатливоста на брендот, доверливоста и довербата во производите на Галеника ја пренесуваме на нови меѓународни пазари“, изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

- Advertisement -

Имајќи ги предвид глобалните околности кои влијаат на фармацевтската индустрија, Галеника вложува значителни напори и успешно ја остварува мисијата за производство и дистрибуција на своите висококвалитетни производи во Србија и на извозните пазари.

Како резултат на претходни размислувања, внимателната анализа, планирање и ублажување на ризикот, компанијата обезбедува нејзините висококвалитетни фармацевтски производи редовно и во потребните количини стигнаат до аптеките и здравствените установи, за добробит на пациентите. Со оглед на тоа што Галеника е дел од бразилската NC Group која работи на глобално ниво, преку соработка со колеги од Бразил, Индија и Кина, компанијата располага со напредни алатки, информации и можности кои овозможуваат подобар увид во глобалните настани и збиднуваа, кои со експертизата на експертите на Galenika во Србија и регионот, придонесува за деловен раст.

- Advertisement -

Одржливиот бизнис и заштитата на животната средина се високо на агендата на Галеника, која во првата половина на 2023 година ја исполни својата интерна цел и ја намали количината на создавање отпад за 35%, како и потрошувачката на вода за 5% во однос на истиот период во 2022 година. Започнат е проект за целосно реновирање на постојниот внатрешен водоводен систем. Инвестицијата е вредна половина милион евра, со цел да се обезбеди максимална заштеда и минимална загуба на вода.

Поддршката на заедницата останува високо на приоритетната листа, додека компанијата ги проширува своите општествено одговорни проекти и иницијативи за подигање на свеста во земјите од регионот, каде годинава почна да работи.

Сподели!
- Advertisement -