ВИДЕО: Ова се најбрзите паметни чевли во светот

- Advertisement -

Ако ова лето планирате да одите некаде на одмор каде што ќе сакате да истражувате, да ги разгледате туристичките атракции, можеби добро ќе ви дојдат едни вакви чевли.

Со овие паметни чевли ќе можете да одите со иста брзина како да трчате. Moonwalkers се иновација на стартапот Shift Robotics. Дизајнирани се да за да ги поставите врз ќевлите кои веќе ги носите и да си го забрзате одењето за дури 250%. Тоа значи дека ќе можете да одите со брзина до 11 км/ч.

- Advertisement -

Moonwalkers во себе имаат алгоритми за машинско учење и се прилагодуваат на вашиот од. Тоа значи дека се движат кога вие се движите, а можете и да ги заклучите. За повторно да ги активирате едноставно треба да ја подигнете и да ја завртите ногата.

Адаптабилната вештачка интелигенција се прилагодува на вашето темпо, без оглед на возраста и тоа го прави многу брзо, после првите десетина чекори. Ако вие го забрзате одењето, тоа ќе го сторат и овие паметни чевли.

- Advertisement -

Од Schift Robotics велат дека на луѓето најчесто им требаат 10-15 минути за да се навикнат на чевлите.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -