Суперавтомобилот на Мате Римац ќе се најде во најновата игра PUBG: New State

- Advertisement -

Ако сакате да возите Rimac Neverа по улиците на градовите и да се тркате со други возачи, ќе мора или да имате неколку милиони евра во џеб или да ја играте најновата верзија на популарната видеоигра PUBG. Во соработка со Krafton Inc, групација независни студии кои развиваат видеоигри, Bugatti Rimac ја оживеаја Rimac Neverа во виртуелниот свет. Така, играчите на долго очекуваната футуристичка игра PUBG: New State ќе можат да седнат зад воланот на Neverа и да ја искусат брзината и моќта на овој суперавтомобил.

Играчите ќе можат да добијат и временски ограничен Rimac Crate, односно посебен пакет додатоци за играта, кој опфаќа пет различни бои на Neverа.

- Advertisement -

Возбудени сме поради соработката со една од најпопуларните гејминг компании во светот. Кога ни го претставија својот футуристички концепт за видеоиграта, немаше двоумење дека Rimac Nevera совршено се вклопува во таквтаа дигитална средина. Се радуваме на рецензите од нивната заедница и на организацијата на офлајн и онлајн активности во наредните месеци. Мислиме дека ова може да биде успешно долгорочно партнерство со одлични резултати за двете страни“ велат од Bugatti Rimac.

Ова е пресудна соработка за нас, а додавањето на Rimac Neverа во играта ќе помогне да се подобри самото искуство и интензитетот на играта за нашите обожаватели“ велат од PUBG.

- Advertisement -

Како ќе изгледа Nevera во дигиталната средина на PUBG можете да видите од видеото во прилог, а какво е чувството да се вози тој хиперавтомобил во виртуелне свет ќе видат тие што ќе ја заиграат новата PUBG откако Nevera ќе влезе во игра со наредната надградба, која се очекува во текот на овој месец.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -