Руската разузнавачка служба неодамна објави дека откриле шпионска оперција со помош на паметни телефони iPhone. СПоред Financial Times, руските власти почнале да ја забрануваат употребата на уреди на Apple од страна на државните службеници за службена употреба.
Од понеделник Министерството за трговија на Русија ќе ја забрани употребата на iPhone за вршење работни обврски. Останатите агенции, вклучувајчи ги го и Министерството за телекомуникации и масовните медиуми на Русија, веќе имаат слични налози или планираат наскоро да почнат со спроведување на истите. Според извештајот на Times, забраната се однесува на сите производи на Apple. Меѓутоа, во некои случаи раководните лица можат да продолжат да ги користат уредите за лични потреби, под услов на нив да не отвораат службена кореспонденција.
После руската инвазија во Украина во март минатата година компанијата го прекина пристапот до Apple Pay. Подоцна ја стопираше продажбата на сите производи во Русија. Тогаш Apple јасно истакна дека одлуката е донесена како одговор на инвазијата и дека ги подджрува сите луѓе погодени од овие настани.
Новара забрана на Русија доаѓа откако Федералната безбедносна служба на Русија на почетокот на јуни годинава тврдеше дека открила шпионски операции на американси разузнавачки служби, кои вклучувале уреди на Apple. Федералната служба изјави дека на илјадници iPhone телефони, вклучувајќи ги оние кои се користат во дипломатски мисии во земјите на НАТО, се заразени со софтвер за надзор. Понатаму, тврдеа, без да прикажат докази, дека Apple тесно соработувал со американската разузнавачка служба за сигнално известување за на агентите да им овозможи широк спектар на контролни алатки. Американскиот технолошки гигант ги демантираше тие обвиненија и изјави дека никогаш не соработувале со која било влада за да направат заден влез во кој било производ на Apple,ниту кога било ќе го направат тоа.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)