Tik Tok тестира нова апликација за музика

- Advertisement -

TikTok почна да ги бара корисниците во Австралија, Мексико и во Сингапур за да учествуваат во затвореното бета тестира за нивната нова услуга за стримување музика наречна TikTok Music.

TikTok Music е целосно посебна апликација која тестерите ќе можат да ја преземат од App Store или од Google Play, но се поврзува со главната апликација TikTok за корисниците можат да ја најдат целосната верзија со песни кои стануваат вирални на платформата за споделување видеа.

- Advertisement -

Апликацијата за стримување музика нуди персонализирани препораки на песни, текстови во реално време, листи за репродукција и можност за наоѓање песни преку пребарување на текстот.

Покрај тоа, има опција слична на Shazam, што значи дека може да пронајде песни со преслушување и дека на корисниците може да им овозоможи преземање песни за слушање надвор од мрежата.

- Advertisement -

Апликацијата во сопственост на ByteDance после пробниот период ќе чини 12 австралиски долари месечно во Австралија, 115 мексикански долари во Мексико и 9,90 долари во Сингапур.

Компанијата допрва треба да објави дали и кога новата апликација за музика ќе пристигне кај нас.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -