Германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе почне со изградба на маркет во Битола, кој ќе се наоѓа кај кружниот тек на „Дулие“, објави „Битола њуз“.
Во веста се наведува дека градењето ќе започне на 3 август на местото на старата млекара, под Еврејските гробишта.
-Деновиве градежни екипи го исчистија просторот, кој вчера беше и заграден и ја поставија градежната табла на која може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024, изведувач на работите е “Фабрика Карпош“ АД Скопје, а проектант “Иванов Инженеринг“ од Битола, се наведува во информацијата.
Во март годинава медиумите објавија дека првиот „Лидл“ во Македонија ќе се гради во Скопје каде германскиот трговски синџир веќе ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“. Но, тоа се уште не се случило.
Во февруари 2021 година „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.