Астрономи пронајдоа две планети кои делат една иста орбита околу својата ѕвезда

- Advertisement -

Атрономи објавија дека откриле две планети кои делат иста орбита околу својата ѕвезда, што е бизарно космичко спарување за кое долго се сомневаше дека постои, но никогаш не беше докажано.

Користејќи го телескопот во Чиле шпански тим од астронаути забележал нешто налик на облак во истата орбита како и веќе постоечка планета која кружи околу оваа ѕвезда, оддалечена на околу 370 светлосни години во соѕвездието Кентаур. Тие се соменваат дека тоа е или планета или остатоци од планета која постоела некогаш.

- Advertisement -

Познато е дека астероидите ги следат планетите околу нивните ѕвезди, на пример, Јушитер и неговите тројански астероиди, но планети во иста орбита се многу ретки, вели коавторот на студијата од мадридскиот Центар за астробиологија, Хорхе Лило Бокс.

„Теоретски, можно е да постојат, но никој досега ги нема откриено“ вели тој.

- Advertisement -

Научниците велат дека ќе мора да почекаат до 2026 година за успешно да ги следат двата објекти околу ѕвездата позната како PDS 70.

Водечкиот автор од Центарот за астробиологија во Мадрид, Олга Балсалобре Руза, вели дека наодите, кои се објавени во списанието Astronomy and Astrophysics, се првиот доказ дека може да постојат такви дупли светови.

- Advertisement -

(N1)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -