- Advertisement -
Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено на седницата на црногорската Влада, пренесува агенцијата МИА.
Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.
- Advertisement -
Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија, рече тој.
Целиот текст на МИА
- Advertisement -