SpaceX лансираше нови сателити Starlink и повторно направи дупка во јоносферата

- Advertisement -

Се почестото лансирање ракети и се поголемиот број сателити во земјината орбита ја нарушува и онака кревката рамнотежа на нашата планета. И додека астрономите во неколку направти предупредуваа дека се поголема гужва во орбитата која ја создаваат бројните сателити го отежнува проучувањето на вселената, научниците сега предупредуваат на уште еден проблем – создавање дупка во јоносферата.

Јоносферата е дел од атмосферата и се наоѓа на оддалеченост од 80 до 600 км од површината на планетата. Покрај тоа, таа е битен дел од атмосферскиот електрицитет и е клучна затоа што ја користиме за пренос на радиобранови ширум Земјата.

- Advertisement -

Но, научнциите открија дека неодамнешното лансирање на сателити на SpaceX направило дупка во јоносферата. Вселенскиот физичар Џеф Баумгарднер од Универзитетот Бостон истакна дека е многу возможно дупката да настанала поради лансирањето на ракетите.

Станува збор за добро познат феномен до кој доаѓа кога ракетите ги палат своите мотори на 200 до 300 км над Земјата, објаснува Баумгарднер. Ова не е прв пат за SpaceX да ја продупчи јоносферата. Во август 2017 година ракетата Falcon 9, која го носеше рајванскиот сателит FORMOSAT-5, направи дупка во јоносферата четири пати поголема од државата Калифорнија, додека истиот тип на ракета во јуни 2022 гофина направи дупка над источниот брег на САД и предизвика појава на црвена светлина од Њујорк до Калифорнија, која многумина ја помешаа со поларна светлина.

- Advertisement -

Научниците велат дека дупките кои настануваат во атмосферата се препонзатливи по својата црвена боја поради јоните на кислородот, кои реагираат со електроните. Така, на небото може да се видат краткотрајни црвени ауреоли.

Имено, јоносферата е динамична и нејзината дебелина се разликува во зависност од промение во текот на денот и ноќта, но и од сончевата активност. Од друга страна, ракетите и нивните издувни гасови може да влијаат на процесот кој го условува создавањето на наелектризирани честички во тој дел од земјината атмосфера. Освен тоа, самото движење на ракетите низ јоносферата може да предизвика големи пореметувања и да го намали процесот на јонизација за над 2/3, покажаа истражувањата.

- Advertisement -

Но, како што објаснуваат научниците, станува збор за краткотрајни пореметувања, кои исчезнуваат после рејонизацијата, односно кога повторно ќе излезе Сонцето.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -