Во ноември 6-та Годишна конференција: Редефинирање на за е-трговијата со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era!” на 14 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи шестата годишна конференција за е-трговија, која од лани има регионален карактер и која е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

Конференцијата годинава ќе се одржи во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, насочувајќи го фокусот кон новата ера во човековото живеење – искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција, која во последно време го доживува својот подем, ги менува правилата на играта во е-трговијата и ја редефинира и трансформира целата индустрија.

- Advertisement -

Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници.

Оваа година покрај што традиционално ќе се презентира прегледот од извештајот на анализата за е-трговија во земјата и регионот, во фокус на програмата ќе бидат и важноста на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, влијанието на „маркетплејс“ платформите во секторот на е-трговија, значењето на беспрекорното искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава на интернет нарачките како и начините како е-трговците да го подобрат корисничкото искуство за онлајн купувачите.

- Advertisement -

– „Горди сме што конференцијата за е-трговија станува се повеќе препознатлива и важи за една од најголемите и најпосетуваните бизнис конференции за е-трговија во регионот. После 5 успешно реализирани изданија, годинава правиме значајни подобрувања во организацијата, претставувајќи ја новата ера на е-трговијата. Конференцијата ќе понуди широк спектар на знаење, идеи и практични вештини, кои ќе ги поддржат и насочат претприемачите и претпријатијата да се справат со современите предизвици во дигиталната ера. Со фокус на учесниците, оваа година очекуваме конференцијaта да биде најголемото и најуспешното регионално издание досега, обединувајќи ги водечките компании, иноватори и експерти во е-трговијата и овозможувајќи им да изградат значајни партнерства и да ги прошират своите бизнис хоризонти.“ – додаваат од АЕТМ.

Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на повеќе од 500 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји. 

- Advertisement -

„Super Early Bird“ картите за присуство на конференцијата кои се во ограничен број се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 69 евра.

Повеќе информации за говорниците, агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: https://ecommerceconference.mk/

Сподели!
- Advertisement -