Вселувањето во нов дом е возбудливо поглавје во сечиј живот, но може да биде и застрашувачко искуство, доколку не биде испланиран секој детал од селидбата. Токму затоа, од суштинско значење е да им се даде приоритет на најважните и неопходните задачи за да си го олесните процесот на преселување и да обезбедите непречено и удобно сместување во вашиот нов дом од соништата. Имајте на ум дека преселбата треба да ја правите постепено, односно да не чекате се до последниот ден, бидејќи подготовката и доброто планирање ќе ви помогнат да си го распределите времето на многу порелаксиран начин.
Подредете ги вашите работи и расчистете ги пред да се пакувате. Донирајте или отфрлете ги предметите што повеќе не ви се потребни за да ги намалите трошоците во текот на селидбата и нередот во вашиот нов дом. Приоритет на распакување треба да им се даде на основните предмети како што се прибор, постелнина, тоалетен прибор и неколку промени на облеката. Ова ќе ви помогне да се чувствувате удобно и уште од самиот почеток како дома. Покрај тоа, доколку е можно закажете детално чистење на станот пред да се вселите, за да обезбедите свеж и хигиенски простор за живеење.
Домот од соништата може да стане реалност и секој може да го добие своето идеално место за живеење со лесно достапен и атрактивен станбен кредит. За да одговори на зголемените барања на граѓаните за обезбедување сопствен дом или паметно вложување на своите средства, Халкбанк нуди соодветен производ – Станбен кредит со животно осигурување што нуди поволни услови за клиентите – фиксна каматна стапка од 3,5% за првите 5 години или 3,85% фиксна каматна стапка за првите 10 години
Кредитот може да се искористи за купување на стан, купување на куќа, викендичка и купување на деловен простор како и рефинансирање на кредитните изложености на клиентите во други банки по основ на станбен кредит. Станбениот кредит со животно осигурување е обезбеден со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, со можност за еднократна уплата на премија и годишна уплата на премија за животно осигурување. Со полисата за животно осигурување се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Покрај фиксна каматна стапка за првите 10 години и временскиот рок на отплата до 30 години (360 месеци), дополнителна поволност за клиентите кои се заинтересирани за овој кредитен производ кој го нуди Халкбанк АД е ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, односно 450 денари за проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150 денари за апликација за кредит и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.
Максималниот износ за станбениот кредит со животно осигурување е 300.000 евра, а клиентите добиваат можност и за грејс период од 12 месеци.
Огромни поволности за клиентите, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето!