Група научници кои се занимаваат со проучување на климатските промени заклучија дека ако се споредуваат температурните рекорди дека температурите измерени овој месец се највисоки во последните 120.000 години, а веројатно и од постоењето на цивилизацијата.
Да ги нема климатските промени вакво нешто никогаш не би се случило, вели Марија Захаријa од Кралскиот колеџ во Лондон, која ја предводи студијата во рамките на “World Weather Attribution”.
Таа тврди дека топлите бранови во Европа и во Северна Америка би биле буквално не озможни без зголемувањето на температурата во изминатите 200 години.
Влијанието на климатските промени е забележливо и во топлинските бранови кои ја погодија планетава во текот на јули,кои стануваат се почести, се вели во студијата.
Утврдено е дека согорувањето на јаглеродот, нафтата и природниот гас, што предизвикува пораст на температурите, го направи топлотниот бран во Кина 50 пати поверојатно, со потенцијал да се појавува на секои 5 години.
Научниците предупредуваат дека топлотните бранови кои ги имаме сега ќе бидат уште почести, ако температурите дополнително се покачат и за помалку од 1 степен.
(N1)