Иновирај за зелена иднина на 12то издание на Startup Weekend Skopje

- Advertisement -

Оваа есен од 27-ми до 29-ти октомври ќе се одржи 12тото издание на Startup Weekend Skopje. Startup Weekend Skopje е 3-дневен настан каде млади иноватори, ентузијасти и претптиемачи имаат можност да креираат и да ги претстават своите иновативни решенија пред пошироката стартап сцена. Поддржан од Google for Entrepreneurs, Теchstars Startup Weekend е интернационален настан кој се организира во повеќе од 159 земји и низ кој поминале над 430,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 12-ти пат, а премиерно како темaтско издание – Sustainability.

Клучот за нашата иднината се крие во само еден збор: одржливост. Сега е времето за водење бизнис на еден поинаков начин: кој при секоја одлука ги зема в предвид нашата економија, општество и околината – од почеток до крај. Дојди и иновирај за зелена иднина!

- Advertisement -

Без разлика дали сте ентузијаст на темата за одржливост од било кој аспект, искусен претприемач, дизајнер, девелопер, инженер… секој може да се придружи на Startup Weekend Sustainability Skopje – со или без конкретна идеја  Во текот на 54 часовниот настан (петок до недела навечер), ќе бидете предизвикани да ги презентирате вашите идеи, да формирате тимови, да развиете продукти и бизнис модели. За време на настанот ќе бидете менторирани од докажани експерти од областа, како и успешни претрпиемачи и секако финансиско советување, кои ќе ве подготват за лансирање на вашата компанија!

Уште еден новитет за оваа година е и локацијата на оддржување на настанот. Станува збор за централната експозитура на ProCredit Banka Skopje, која е одговорна финанска иниституција и секогаш поддржува настани и компании  кои се грижат за зелена и чиста животна околина. Воедно, Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за поодржлива иднина со Startup Weekend Sustainability Skopje.

- Advertisement -

На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.

Картите за овогодинешниот Startup Weekend Sustainability Skopje се веќе во продажба и можете да ги купите на следниот линк.

- Advertisement -

Придружете се со своите идеи на движењето за позелен свет. Заедно, можеме да направиме трајно влијание на планетата.

Сподели!
- Advertisement -