До аеродромот во Петровец ќе одиме со брз воз?

- Advertisement -

Земјава активно бара и се надева дека ќе биде дел од изградбата на брзата пруга в долж Коридорот 10, а македонското Министерство за транспорт и врски веќе го изработи текстот на меморандумот за соработка со српското Министерство за транспорт, кој веќе е поминат и одобрен на владина седница.

Според плановите, Македонија треба да се поврзе од линијата од Прешево, односно од граничниот премин „Табановце“ до Скопје, а исто така треба да добие железнички крак до аеродромот во Петровец.

- Advertisement -

Брзата пруга треба да се протега од Будимпешта до нашиот главен град, а брзиот воз ќе ги минува градовите Белград и Ниш. Крајната дестинација, секако, ќе биде железничката станица во Скопје, но патниците кои ќе допатуваат со возот ќе имаат можност директно да се симнат и на новата железничка станица којашто ќе биде изградена кај аеродромот во Петровец.

Потпишувањето на меморандумот за соработка со Србија, како што дознаваме, е планирано да се случи на крајот на август или на почетокот на септември годинава, додека, пак, конечниот термин ќе зависи од обврските на претставниците на македонската и на српската влада, а кои би присуствувале на официјалното пристапување на земјава кон изградба на брзата пруга.

- Advertisement -

Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март годинава ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница.

Покани беа испратени и до Бугарија, Албанија, Грција и до Турција, па голема е веројатноста дека наскоро ќе ни биде овозможено со воз да одиме на летување кај нашиот јужен сосед.

- Advertisement -

Брзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и за карго-сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи.

Целиот текст на denar.mk

Сподели!
- Advertisement -