НАСА сними како звучи црна дупка

- Advertisement -

Снимка од звуците кои ги прави една црна дупка беше направена пред нешто помалку од една година, а оригиналното видео минатито август го објави тимот на NASA Ekoplanets, кој во американската вселенска агенција е одговорен за следење и откривање планети надвор од нашиот Сончев систем.

Членовите на тимот во моментот на откривањето на звукот напишаа дека е погрешно мислењето дека во вселената нема звуци. Објаснија дека во јатото галаксии има толку многу бучава што тие, всушност, можат да откријат звуци. Имено, звукот е механички бран кој се шири во гасовита, течна и цврста средина.

- Advertisement -

Областите во кои се собираат гасови исфрлени од ѕвездите или остатоци од експлодирани ѕвезди и вселенска прашина се примери за такви области. Една од нив беше пронајдена во соѕвездието Пегаз, каде што се наоѓа група галаксии и црни дупки во нивните центри. Без тоа не би можел да се слушне оригиналниот звук.

„Брановите притисок кој излегува од црната дупка предизвикуваат бранување во врелиот гас кој може да се преведе во ноти“ соопштија од НАСА.

- Advertisement -

Меѓутоа, тие ноти се нечујни за човечкото уво затоа што е 57 откави под цредното Ц. Поради тоа НАСА морала во голема мера да ја засили и да ја подигне фреквенцијата за да ја претворат во звуцк кој би можеле да го слушнеме ако сме блиску до црна дупка, велат научниците. Иако, всушност, таму ништо не би слушнале затоа што нашите уши не се доволно осетливи на многу ниски звуци.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -