Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите

- Advertisement -

Согласно строгите правила за берзанско работење, Euromax Resources Ltd Ванкувер, има обврска ажурно да објавува суштински информации и одлуки до Берзата за хартии од вредност во Торонто TSX, Канада.

Во продолжение ја пренесуваме најновата формална објава доставена до TSX денес 28 Јули 2023, пред отворање на Берзата:

- Advertisement -

Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите

Euromax Resources Ltd, Ванкувер, Јули 28, 2023 година – (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“) објави дека Владата на Република Северна Македонија („Владата“) донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето.

- Advertisement -

Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за Спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина.

Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги превземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската Банка за Обнова и Развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Северна Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura Групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато).

- Advertisement -

Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa.

Tim Morgan-Wynne, Извршен Претседавач на Бордот на Директори, изјави: „Компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа Компанијата ќе мора да ги превземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија. “

Сподели!
- Advertisement -