Срушен уште еден рекорд: северот на Атлантикот никогаш не бил толку топол

- Advertisement -

Водите на северниот дел од Атлантскиот Океан во средата достигнаа рекордна дневна температура, покажуваат податоците кои вчера ги објави Американската агенција за набљудување на океаните и атмосферата. Новата анализа покажува дека на 26 јули измерена е највисока просечна дневна температура на водата на површината на северниот дел од Атлантикот – 24,9 степени Целзиусови.

Овој рекорд е посебно ненадеен затоа што се случува рано во текот на годината, а не на почетокот на септември, која северниот дел од Атлантскиот Океан вообичаено е најтопол.

- Advertisement -

Претходниот рекорд е измерен на почетокот на септември минатата година и изнесува 24,89 степени Целзиусови, што е незначително помалку од годинава. Се очекува дека температурата на површината на океанот ќе продолжи да расте во текот на август, па се очекува ново рушење на рекордите.

Северниот дел од Атлантикот стана симболична точка на набљудување на прекумерното загревање на океаните на нашата планета под влијание на климатските промени предизвикани од емисијата на стакленички гасови.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -