ChatGPT отсега достапен и на Андроид

- Advertisement -

Хоризонтот на генеративната вештачка интелигенција се прошири со лансирањето на нова мобилна верзија на ChatGPT за корисниците на уреди со оперативниот систем Android. Досега, четботот со вештачка интелигенција беше достапен замо за корисниците на iOS.

Интерфејсот на мобилната апликација на ChatGPT нуди два едноставни начини за интеракција со вештачката интелигенција: пишување или зборување во микрофонот. Корисниците можат сосем лесно да се префрлаат помеѓу овие две опции врз основа на нивните преференции во дадениот момент.

- Advertisement -

Корисниците можат да поставуваат дополнителни “follow-up” прашања, овозможувајќи понатамошно истражување на која било тема во која сакаат да „нурнат“. Апликацијата исто така ја зачувува и синхронизира историјата на разговори низ различните уреди на корисникот со цел лесен пристап и организација.

Претплатниците на ChatGPT Plus можат да се одлучат за различни јазични модели, GPT-3.5 и GPT-4, во зависност од нивните потреби. Притоа, апликацијата ќе биде достапна само на уреди кои поддржуваат Android 6.0 или понова верзија.

- Advertisement -

Сепак, важно е да се препознаат ограничувањата на вештачката интелигенција, односно корисниците не треба да се потпираат само на нејзините одговори за критични прашања со оглед на потенцијалните „халуцинации“ на четботот, кои може да доведат до неточни информации. Тоа значи дека вештачката интелигенција функционира најдобро како почетна точка за истражување на некоја тема или извршување на креативни задачи.

Апликацијата е моментално достапна во Соединетите Американски Држави, Индија, Бангладеш и Бразил, со планови за проширување во други земји во текот на следните недели.

- Advertisement -

Marketing 365

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -