Кина може да воведе уште построги ограничувања на времето кое децата може да го поминат користејќи мобилен телефон. Администрацијата за сајбер простор во Кина, CAC, предложи закон со кој на децата помали од 18 години ќе им го ограничува времето на користење мобилен телефон намаксимално 2 часа дневно. Тоа се однесува на децата кои маат 16 и 17 години, додека тие што се од 8 до 15 години ќе може да користат телефон 1 час дневно, а тие помали од 8 гоидни само 40 минути дневно.
Законот би забранл користење мобилен телефон од 22 часот до 6 часот наутро, а мобилните телефони ќе треба да имаат начин на користење кој ќе овозмоѓи лесен пристап за родителите за тие да моѓат да го ограничат она што го гледаат децата, како и да им дадат дозволи на интернет провајдерите да прикажуваат само содржини соодветни на нивната возраст.
Децата помали од 3 годни би биле ограничени само на слушање песни и други аудиосодржини, а тие што имаат 12 години и повеќе би можеле да гледаат едукативни материјали и новости. За регулираните образовни содржини и итните сервиси би постоеле исклучоци.
Целта на овие мерки е да се намали зависноста кај децата. Кинеската влада е загрижена дека продолжената употреба на мобилните телефони, игрите и другите интернет услуги може да му наштети на развојот на децата. Земјата веќе ги ограничува младите луѓе на само 3 часа играње онлајн видеоигри неделно.
Предлог-законот уште е отворен за јавна консултација и нема гаранции дека ќе биде усвоен. Се поставува и прашањето на имплементацијата на истиот, бидејќи не е познато дали производителите на хардвер ќе бидат одговорни за имплементацијата на посебниот начин на користење за деца.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)