Tesla подготвува нова генерација на Model 3

- Advertisement -

Tesla го лансираше Model 3 во 2017 година и тој автомобил се покажа вистински погодок за компанијата на Илон Маск. Од самиот почеток до денес има огромна побарувачка за Model 3, кој покрај сите предности што ги имаат автомобилите на Tesla, ги привкекува корисниците и со својата цена затоа што е најевтин електричен автомобил на овон американскиот производител на возила.

После шест години на пазарот, изгледа дека дојде време за нова генерација на ова возило, која како што откриваат на Electrek, можеме да ја очекуваме многу наскоро. Според досегашните информации, нема треба да очекуваме нешто револуционерно од новата генерација, но иднте купувачи секако ќе ги повздрават промените кои ги направи Tesla. Што се однесува на дизајнот, се поемнуваат мали промени од предната и задната страна, наводна надградба на шасијата, која треба да биде полесна, а тоа ќе значи и поевтино производство. Исто така, идната генрација на Model 3 треба да има и нов хардвер за автономно возење, кој веќе е достапен во други модели на Teslа.

- Advertisement -

Една од гласините е и дека,наводно, ќе има нови батериски ќелии CATL со поголем капацитет, што значи и веројатно поголем досег. Од Teslа моментално не го коментираат доаѓањето на нова генерација од нивниот најпродаван автомобил, така што засега остануваат само гласините. А како што тврдат тие гласини, компанијата на Маск нема да ја најави новата верзија на автомобилот се додека фабриките во САД и во Кина не бидат целосно спремни за производство. Според сајтот Electrek, тоа може да се случи на крајот на август.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -