LG го лансира првиот безжичен OLED телевизор во светот

- Advertisement -

LG го лансира првиот безжичен OLED телевизор во светот, LG SIGNATURE OLED M, со дијагонала од 97 инчи (моделl 97M3). Овој модел моментално е достапен во Јужна Кореја, а во план е негово глобално ширење на клучните пазари, вклучувајќи ја Северна Америка и Европа подоцна годинава.

Телевизорот доаѓа со OLED екран од 97 инчи и Zero Connect Box, првото безжично решение за пренос на видеа и звуци во светот во 4K технологија од 120 Hz и во реално време.

- Advertisement -

Освен кабелот за струја, телевизорот нема никакви кабли благодарение на AV преносното решение развиено за поврзување со други периферии, како што се играчките конзоли и сет-топ боксовите.

Zero Connect Box поддржува различни опции на поврзување, вклучувајќи HDMI 2.1, USB, RF, LAN и Bluetooth. За да се осигура беспрекорен пренос на слика и звуци, Zero Connect Box технологијата ја идентификува идеалната траекторија за пренос, а покрај тоа има и антена која се прилагодува и може да се прилагоди и на локацијата на екранот.

- Advertisement -

Безжичното AV преносно решение на LG може да пренесува голема количина податоци со брзина до трипати поголема од постојниот Wi-Fi 6E стандард, а Zero Connect технологијата, воедно, поддржува и Dolby Vision и Dolby Atmos.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: LG)

Сподели!
- Advertisement -