Ова се најпосетените веб страници во светот

- Advertisement -

Со над милијарда активни веб страници ширум светот, 3 нови се создаваат секоја секунда, а Google, YouTube, Facebook, Instagram и Twitter се најпосетените страници на интернет, соопшти агенцијата Anadolu. Според проценките на платформата за дизајн и развој на веб страници Siteefy, околу 10.500 веб страници се стартуваат секоја минута, односно 3 страници секоја секунда.

Меѓу страниците ширум светот 18% или речиси 202 милиони активно се користат, а околу 252.000 нови веб страници се креираат секој ден.

- Advertisement -

Врз основа на податоците од similarweb.com, „google.com” е најпосетената страница во светот, а потоа следуваат “youtube.com”, “facebook.com”, “instagram.com” и “twitter.com”.

Кога станува збор за просечното времетраење на една посета, корисниците поминуваат околу 10 минути и 38 секунди на Google, 20 минути и 25 секунди на YouTube, 10 минути и 43 секунди на Facebook, 8 минути и 22 секунди на Instagram и 10 минути и 47 секунди на Twitter.

- Advertisement -

Според податоците на германската компанија за статистика Statista, во април годинава 64,9% од светската популација (5,18 милијарди) користеле интернет, а 59,9% (4,8 милијарди) користеле социјални мрежи.

Северна Европа има највисока стапка на пристап до интернет во светот. Земјите со најголем пристап до интернет се Норвешка, Саудиска Арабија и ОАЕ со по 99%. Азија предничи по бројот на корисници на интернет со 2,93 милијарди, а потоа следува Европа со 750 милиони корисници.

- Advertisement -

(fenixmagazin.de)

(фото: Pick Pik)

Сподели!
- Advertisement -