Маск најави борба во кафез со Цукерберг, која ќе се пренесува во живо на Х

- Advertisement -

Илон Маск објави дека неговата социјална мрежа X, претходно позната како Twitter, ќе ја пренесуав во живо неговата борба во кафез со Марк Цукерберг, шефот на Metа.

Овие двајца магнати уште од јуни меѓусебно се договараат за физичка пресметка во мешовити боречки вештини во кафез во Лас Вегас. Преносот од борбата во живот ќе се пренеусва на X, а сите приходи ќе одат за хуманитарни цели за воени ветерани, објави Маск, но не откри детали.

- Advertisement -

Маск објави и дека вежба со дигање тегови, се подготвува за борбата, но немал време за тренинг, па затоа теговите ги носи со себе на работа .Кога еден од корисниците на X го праша Маск која е целта на оваа борба, тој одговори дека е цивилизирана форма на војна, а мажите сакаат војна.

Од Meta нема коментари на објавата на Маск.

- Advertisement -

Целата оваа сензација почна кога Маск на 20 јуни напиша на Х дека е подготвен за борба во кафез со Цукерберг, кој тренира џиуџицу. Еен ден подоцна Цукерберг на својата платформа Instagram објави фотографии од мечеби бо кои победил и побара од Маск да му ја испрати точната локација за борбата, на што Маск одговори Vegas Octagon, односно местото каде што се одржуваат мечеви од првенствата во мешовити боречки вештини.

Маск додаде дека ќе почне да тренира кога ќе биде сигурно дека ќе се одржи борбата.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -