Потпишани се нови 289 договори по Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 366 милиони евра инвестиции на компаниите
За 2023 година пристигнаа рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, додека одобрени, или потпишани се нови 289 договори, со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4.439 работни места. Поддржаните компании од новиот циклус се од прехранбено преработувачка индустрија, вкупно 63 компании, од метало-преработувачка индустрија – 73 компании, ИКТ индустрија – 21 компании, Дрвната индустрија и производство на мебел вкупно 87 компании, фармацевтската индустрија – 20 компании и, текстилно-кожарска преработувачка индустрија вкупно 25 компании кои според проекциите ќе отворат нови 4.439 работни места.
Со ова, портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестиците се зголемува на вкупно 919 договори, од кои 204 се завршени.
Kомпаниите со кои се потпишани договорите за финансиска поддршка се низ целата држава, во сите плански региони: Вардарски регион, 17 компании (6%), Пелагониски регион, 32 компании (11%), Источен регион, 42 компании (15%), Полошки регион, 40 компании (14%), Југоисточен регион, 44 компании (15%), Североисточен регион, 8 компании (3%), Југозападен регион, 18 компании (6%) и Скопски регион, 88 компании (30%).
Вицепремиерот Битиќи порачува дека Владата ќе продолжи и во иднина да ги помага компаниите кои имаат значителен импакт на локалниот економски развој, и кои инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти и воведуваат нови производствени линии.